Споделуваме искуства...формираме множество знаење

ЧПП

ЧПП

“Технолошка индустриска развојна зона” (ТИРЗ) е дел од територијата на Република Македонија како дел од царинско подрачје, одвоен од останатиот дел од царинското подрачје, посебно ограден и означен простор што претставува функционална целина во која се вршат дејности под услови пропишани со Законот за ТИРЗ и друг закон и во кој важат царинските и даночните погодности утврдени со Законот за ТИРЗ и друг закон. Технолошката индустриска развојна зона се формира заради развој на високо пропулзивни и современи технологии со воведување на економски профитабилно производство и ефикасна употреба на ресурсите со примена на највисоки еколошки стандарди. Технолошката индустриска развојна зона е слободна зона од аспект на царинските и даночните закони.

Компанија се регистрира со посета на една канцеларија и со вработување на само едно лице. Можете да регистрирате компанија за само 4 часа.

Технолошко-индустриските развојни зони се основани со цел во нив да се одвиваат чисти, експортно-ориентирани високо-технолошки производствени процеси. Подетални информации за дозволените дејности што можат да се вршат во ТИРЗ можете да најдете во член 35 став 1 во Законот за ТИРЗ поставен на нашата веб презентација.

Поволностите за компаниите кои ги нуди Законот за ТИРЗ ги користат исклучиво компаниите кои оперираат во рамките на физичките граници на ТИРЗ.

Да. Нема забрани од надлежните органи за движење на капиталот.

Влезот, движењето и излезот во и од ТИРЗ се контролира од страна на чуварската служба на Дирекцијата за ТИРЗ и испоставата на Царинската управа во ТИРЗ.

Сите царински формалности при увоз/извоз на стоки во/од ТИРЗ се обавуваат во самата Зона со што се избегнува запирање на превозните средства на граничните премини при увоз/извоз на стоки.

Канцеларијата се наоѓа во административната зграда веднаш до главната капија на ТИРЗ Скопје 1.

При внесување или изнесување на стока за крајна потрошувачка се поднесува пополнет Прилог за внесување/изнесување на стока кој можете да го најдете на нашата почетна страница од web презентацијата, во секцијата Обрасци, или на главниот влез во ТИРЗ.

Дирекцијата за ТИРЗ на бизнис-посетителот му издава бесплатна легитимација за влез во ТИРЗ.

Во Република Македонија постојат многубројни агенции за вработување. Дирекцијата за ТИРЗ исто така може да обезбеди контакт информации на Ваше барање.

Универзитетите во Македонија се отворени за соработка со странските компании преку креирање и имплементација на кастомизирани тренинг програми. Дирекцијата за ТИРЗ исто така може да обезбеди контакт информации на Ваше барање. Исто така тренинг програмите можат да се имплементираат и во соработка со агенции за вработување и обука.

Можете да вработите луѓе од било која земја.

На барање на Корисникот од ТИРЗ, Дирекцијата за ТИРЗ издава годишна легитимација за влез на возилото во ТИРЗ.