Sectors of opportunity...We're living in a world of the unimaginable!

Корисници

ГЕС

Германската компанија „ГЕС ГмбХ“е производител на високо-квалитетни и енергетски ефикасни ЛЕД диоди. „ГЕС ГмбХ“ е активен на ова поле уште од раните денови на ЛЕД развој , инвестирајќи во патенти, сертификати и свои производствени капацитети за ЛЕД осветлување.

„ГЕС ГмбХ“ ќе го прошири своето производство на Балканот преку отворање на нова фабрика и ќе инвестира 15 милиони евра и ќе отвори 200 нови работни места во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1 . Со силен тим за истражување и развој, одлична контрола на квалитетот и напредна опрема за производство, „ГЕС ГмбХ“ обезбедува на клиентите сигурни и високо-квалитетни производи со светски признат германски квалитет.