Градиме доверба...со меѓусебна комуникација

Корисници

Техникал текстајлс

„Техникал текстајлс" е германски производител на фиберглас кој се користи во автомобилската и авионската индустрија, во производството на ветерници и бродови, како и изолациони материјали за градежништво. Компанијата има четири производствени капацитети и тоа во Германија, Словачка и Кина, а фабриката во Технолошко-индустриската развојна зона Штип ќе биде петтата фабрика на „Техникал текстајлс".

Германската компанија ја избра Македонија како дестинација за инвестиција во конкуренција со Абу Даби. Големината на инвестицијата изнесува 12 милиони евра и се планира да креира 1000 нови работни места.