Градиме доверба...со меѓусебна комуникација

Корисници

Кап-Кон Аутомотив Технолоџис

Американската компанија „Кап-Кон Аутомотив Технолоџис" е светски производител кој произведува целосна програма на автомобилски инфлатори за воздушни перничиња (возач, патници, странични завеси). Компанијата има 60 -годишна историја.

„Кап-Кон" ќе инвестира 18 милиони американски долари и ќе креира 400 нови работни места во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје. Производството е наменето за европскиот пазар .

Договор за реализација на инвестицијата беше потпишан во декември 2014 година во Скопје од страна на директорот на ТИРЗ и директорот на компанијата „Кап-Кон". Се планира производството да започне до крајот на 2015 година.