Градиме доверба...со меѓусебна комуникација

Корисници

Кондево

Италијанската компанија „Кондево“ е лидер во производството на топлотни разменувачи за бојлери и добавувач на светски реномирани производители на бојлери. Компанијата нуди широк спектар на компоненти кои ги задоволуваат најсовремените технички услови и концепти во овој сектор. „Кондево“ е присутен на европскиот пазар од 1969 година.
Италијанската компанија „Кондево“ ќе гради фабрика во Технолошко-индустриската развојна зона Штип. Ова вложување треба да резултира со отворање на нови 250 работни места во наредните 5 години. Големината на инвестицијата изнесува 40 милиони евра.