Градиме доверба...со меѓусебна комуникација

Корисници

Диатек

Италијанската компанија „Диатек" е светски лидер во индустријата за машини за печатарска индустрија. Покрај производствените капацитети во Италија компанијата има свои погони и во Германија, Швајцарија , Франција и САД. Преку своите шест производствени капацитети во светот „Диатек" има годишен обрт од 200 милиони евра и вработува вкупно 800 луѓе.

Најновиот инвестициски проект на „Диатек" започна со реализација во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1.

Според најавите се очекува компанијата да инвестира 10 милиони евра и да отвори 200 нови вработувања. Производството ќе биде наменето за пазарите на Југоисточна Европа, Медитеранот, Блискиот Исток и Северна Африка.