Градиме доверба...со меѓусебна комуникација

Корисници

Гентерм

Американската корпорација „Гентерм" од страна на најголемите производители во автомобилска индустрија е призната како најдобар добавувач на клима системи за греење и ладење  на седишта и управувачи, електроника и кабли. Производството на „Гентерм" се инсталира од страна на голем број автомобилски брендови како што се „Форд" , „Џенерал Моторс", „Тојота", „Лексус" и „Киа". Компанијата има производство во 11 земји и повеќе од 5.000 вработени низ целиот свет .

Во декември 2014 година, „Гентерм" објави дека ќе отвори нова фабрика во Прилеп со околу 2.000 вработени и вкупно ќе инвестира 20 милиони евра.

Во првата фаза објектот ќе биде околу 20.000 квадратни метри и се планира да се отвори до крајот на 2015 година. Во новиот објект ќе биде отворена целосна производствена линија на „Гентерм" прозводи  за седишта и во период од три година се планира зголемување на бројот на вработени до 2.000 луѓе .