Градиме доверба...со меѓусебна комуникација

Корисници

Џонсон Контролс

Американската компанија „Џонсон Контролс“ e глобален лидер во производство на автомобилски седишта, инструмент табли, и внатрешни ентериери.

На преку 240 локации во светот, преку 91,000 вработени, вклучувајќи преку 6,000 инженери и дизајнери, развиваат и произведуваат најширока палета на технологии и системи за ентериери за произведувачи на автомобили од секаков вид.

На 17 октомври 2011 година „Џонсон Контролс“ го отпочна својот инвестициски проект за нова фабрика за навлаки за автомобилски седишта во Технолошко-индустриската развојна зона Штип. Инвестицијата изнесува 20 милиони долари и моментално вработува 1,500 луѓе.