Градиме доверба...со меѓусебна комуникација

Корисници

Џонсон Мети

Британската компанија „Џонсон Мети" е светски лидер во производство на катализатори за автомобилска индустрија и катализаторски системи за контрола на загадувањето.

„Џонсон Мети" има операции во преку 30 земји во светот и вработува околу 12,000 луѓе. Една третина од сите нови возила во светот имаат вградено катализатори од „Џонсон Мети".

„Џонсон Мети" ја избра Македонија како дестинација за својата европска мега-фабрика за автокатализатори во конкуренција на 13 земји, меѓу кои и Чешка, Унгарија и Словачка. Фабриката на „Џонсон Мети" во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1 е најголемиот инвестициски проект, а воедно и најсофистицираната и најнапредна фабрика на „Џонсон Мети" во светот. Инвестицијата изнесува 80 милиони евра, а иницијалниот број на вработувања беше над 350.

На 9 мај 2012 Џонсон Мети го одбележа започнувањето на големиот проект за проширување на дејноста во Македонија со изградба на втора фабрика лоцирана во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1.  Оваа инвестиција изнесува 65 милиони евра која двојно го зголеми иницијалното производство и креираше 300 нови работни места.