Градиме доверба...со меѓусебна комуникација

Корисници

Костал

Германската компанија „Костал" е глобален лидер во понудата на технолошки напредни електронски, електромеханички и механичко-електронски производи за големи индустриски производители. Компанијата е присутна во 38 локации во светот во 17 земји на 4 континенти и брои персонал од над 15.000 луѓе.

Во декември 2014 година, компанијата ги објави своите планови за зголемување на производните капацитети во Европа преку својата инвестиција во Македонија. Според планот, компанијата ќе започне со браунфилд инвестиција, додека реализацијата на гринфилд инвестицијата се очекува помеѓу 2017-2018 . Фабриката ќе биде лоцирана во тТехнолошко-индустриската развојна зона во Струга/Охрид. Во првата фаза инвестицијата ќе биде фокусирана на производство на механичко-електронски и се очекува да се отворат до 1.000 нови работни места, додека во иднина се очекува значително проширување на производството i вкупна инвестиција од 70 милиони евра.