Градиме доверба...со меѓусебна комуникација

Корисници

Ки Сејфти Системс

Американската компанија за сигурносни производи „Ки сејфти системс" (КСС) е глобален добавувач на автомобилски сигурносни-критични компоненти и системи. КСС е светски лидер во дизајн, развој и производство на механизми за надувување, воздушни перничиња, волани и сигурносни појаси. KSS е со седиште  во Мичиген, САД со меѓународна мрежа од 34 продажни, проектантски и производствени капацитети кои вработуваат околу 9,000 луѓе низ целиот свет.

КСС ја одбра Македонија за проширување на своето производство во Европа. Компанијата започна со работа во постоечки објект во Кичево како браунфилд инвестиција и ќе продолжи со производство во гринфилд објект во Технолошко-индустриската развојна зона Кичево. Во почетната фаза на инвестицијата ќе се произведуваат воздушни перничиња и ќе се креираат 1000 нови работни места. Големината на инвестицијата е 15 милиони евра.