Градиме доверба...со меѓусебна комуникација

Корисници

ОДВ Електрик

Германската компанија „ОДВ Електрик" е иновативна компанија за развој и добавувач на високо-квалитетни кабли, соленоиди и механичко-електронски системи .

Компанијата развива технологии и има свое производство во четири европски локации  и тоа Германија, Унгарија, Украина и Македонија, со персонал од над 2.000 вработени.

„ОДВ Електрик" започна со изградба на фабрика со вкупна површина од 10.000 квадратни метри во Технолошко-индустриската развојна зона помеѓу градовите Струга и Охрид и планира да отвори 1.000 нови работни места . Инвеститорот веќе започна со првичното производство во браунфилд објект во Охрид. Вкупната вредност на инвестицијата е околу 15 милиони евра.