Градиме доверба...со меѓусебна комуникација

Корисници

Ван Хол

Повеќе од 65 години белгиската компанија „Ван Хол" ужива висока репутација за дизајнирање и производство на високо-квалитетни и современи возила.

„Ван Хол" произведува во просек  1,400 автобуси и приколки и околу 4,000 останати комерцијални возила годишно од кои 80% се извезуваат во целиот свет. Со работна сила преку 4,000 вработени „Ван Хол" е еден од најголемите производители на автобуси во Европа кој нуди комплетен опсег на автобуси за јавен превоз за меѓународниот пазар.

Инвестицијата на „Ван Хол" во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 2 е прва  стратешка  инвестиција во производствен капацитет на компанијата надвор од Белгија, во годината кога компанијата ја слави својата 65-та годишнина. Оваа гринфилд инвестиција е во висина од 25 милиони евра и моментално вработува 600 луѓе.