Градиме доверба...со меѓусебна комуникација

Корисници

Вистеон Корпорејшн

Американската компанија „Вистеон Корпорејшн“ е глобален добавувач на електронски компоненти на светски производители од автомобилската индустрија. „Вистеон Корпорејшн“ има над 26,000 вработени во 28 земји во светот.

Во јануари 2014 година, „Вистеон Корпорејшн“ склучи договор со американската компанија „Џонсон Контролс“ за купување на нивната дивизија за електронски компоненти за 265 милиони американски долари. Фабриката на „Џонсон Контролс“ во Македонија беше вклучена во овој пакет. Оваа фабрика во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1 започна со комерцијално производство на 12 декември 2007 година. Инвестицијата изнесува 40 милиони американски долари, додека бројот на вработени изнесува 500. Фабриката во ТИРЗ Скопје 1 произведува компоненти за инструмент-табли за автомобилската индустрија.