Развиваме можности...за Вашите идеи

Новости

Германската компанија „Кеслер“ ќе произведува електромотори во ТИРЗ Скопје 1

20.12.2017

undefined

Директорот на ДТИРЗ, Александар Младеновски, денеска во просториите на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, потпиша договор за реализација на инвестиција во ТИРЗ „Скопје 1” со германската компанија „Кеслер“.

Согласно договорот компанијата добива на користење градежно земјиште со површина од 1,3 хектари, а според најавите предвидена е изградба на објекти во две фази во кој ќе се врши производство на електромотори. Во рамки на инвестицијата предвидено е и воспоставување на центар за заеднички и инжинерски услуги и развој на нови производи на „Кеслер“ во Македонија.

Компанијата „Кеслер“ најави дека планира да започне со работа кон крајот на 2018-та година, а производството ќе биде наменето за германскиот пазар.Се планираат најмалку 80 работни места во наредните три години, меѓу кои и машински и електро инжинери, како и друг висококвалификуван кадар. Компанијата „Кеслер“ информираше дека веќе имаат стапено во контакт со високо образовни институции во нашата земја, но планираат соработка и со техничките средни училишта. Компанијата најави соработка со домашни добавувачи за набавка на суровините потребни за своето производство.

Германската компанија „Кеслер“ има над 90 годишна традиција како производител на алатки и системи за машинска обработка и брусење, електромотори, делови за CNC машини и индустриска електроника. Ова е нејзина прва инвестиција во производствени погони надвор од матичната земја и ќе биде прва фабрика од ваков тип во Македонија.