Развиваме можности...за Вашите идеи

Новости

„ОДВ-Електрик“ отвори фабрика во ТИРЗ Струга

15.09.2017

undefinedundefined

Германската компанија „ОДВ-Електрик“ денеска ја отворија новата фабрика за производство на електронски компоненти за автомобилската индустрија во ТИРЗ Струга.  На свеченото отворање на фабриката присуствуваше Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев и Мартин Ехрет, главен извршен директор на компанијата. „ОДВ-Електрик“ инвестираше 4,7 милиони евра во изградба на производствениот погон, од кои 1,7 милиони евра биле насочени за опремување на фабриката. Во седумте производствени линии се вработени 220 лица. Објектот се простира на површина од 10.000 метри квадратни.

„Компаниите како „ОДВ-Електрик“ се добредојдени во Македонија, тие и натаму ќе бидат сестрано поддржани. Го охрабрувам „ОДВ-Електрик“ и сите други странски инвеститори и натаму да инвестираат во Македонија, за што ќе имаат поддршка од Владата во сите сегменти“ изјави вицепремиерот Кочо Анѓушев. Од германската компанија најавија реализација на два дополнителни проекта во наредниот период. До крајот на 2018 година е планирано да се вработат вкупно 300 лица во овој производствен погон.