Best value proposal... It is not your IQ - it`s your AQ that matters

Новости

Турската компанија „Чагатај кабло“ ќе гради фабрика во ТИРЗ Скопје 1

undefined

Турската компанија „Чагатај кабло“ денеска во ТИРЗ Бунарџик ќе постави камен-темелник за изградба на нова фабрика.

Во првата фаза инвестицијата ќе вреди€4 милиони и ќе се вработат 100 лица, а подоцна објектот ќе се прошири со што инвестицијата ќе достигне€6 милиони и ќе се вработат 300 лица.

На поставувањето на камен-темелникот најавено се обраќање на вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев.

„Чагатај Кабло “е основана во 1998 година за производство на жици и кабли претежно за потребите на автомобилската индустрија. Главни клиенти на компанијата се водечките производители на автобуси, трактори, градежни машини, камиони, комерцијални возила, клима уреди (греење, вентилација и климатизација), индустриски подни чистачи, и специјални аеродромски возила.