Развиваме можности...за Вашите идеи

Новости

Турската компанија „Мурат Тиџарет“ ќе гради фабрика за кабли во ТИРЗ Скопје 2

01.12.2017

undefinedundefined

Турската компанија Мурат Тиџарет ќе инвестира 6,6 милиони евра за изградба на фабрика за производство на кабли со површина од 18.000 метри квадратни во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 2.

Компанијата е специјализирана за производство на електрични кабли за автомобилската индустрија и планира да отвори 300 нови работни места во првата фаза. Производството е наменето за извоз на европскиот пазар.

Договорот за закуп на градежно земјиште во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 2 го потпишаа директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Александар Младеновски и генералниот директор на компанијата Мурат Тиџарет, Ејуп Гулсој. Се очекува градежните работи да започнат за два месеца, а планирано е фабриката да биде изградена до крајот на 2018 година.

Мурат Тиџарет е добавувач на производи за голем број компании од автомобилската индустрија и вработува 2.200 луѓе ширум светот.