Развиваме можности...за Вашите идеи

За нас

Историја на ТИРЗ

Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони е основана од Владата на Република Македонија во aвгуст 2000 година и официјално започнува со работа во јануари 2002 година.

Во текот на 2006 година, со натамошна имплементација на стратегијата за брз економски развој промовирана од страна на Владата на Република Македонија, влезот на странски директни инвестиции беше поставен како врвен приоритет, со што Технолошко-индустриските развојни зони добија главна улога во забрзувањето на глобалниот економски прогрес на Република Македонија. 

На 5-ти октомври 2006 година, беше поставен камен темелник на новата фабрика на Џонсон Контролс, како прв корисник на Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1. Проектот беше комплетиран и пуштен во употреба при крајот на 2007 година.


За подетални информации, Ве молиме да не контактирате.