Развиваме можности...за Вашите идеи

За нас

Обраќање од Директорот

Почитувани Инвеститори,

Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони е основана од страна на Владата на Република Македонија врз основа на концептот за слободни економски зони, широко распостранет во светот, со цел создавање на нејефикасна бизнис клима во Југоисточна Европа и пошироко. Како резултат на поволностите кои се нудат на инвеститорите преку овој проект, Република Македонија е позната како “New Business Heaven of Europe”.

Покрај даночните и царинските ослободувања кои се вообичаени за слободните економски зони во светот, Република Македонија оди чекор понапред и нуди дополнителни стимулации и поволности за развој на ТИРЗ. Владата на Република Македонија дава посебни погодности за мултинационалните компании кои започнуваат нова инвестиција или пренесуваат дел од нивните деловни активности во Технолошко-индустриските развојни зони во Република Македонија, со партиципација во трошоците за градење во висина до 500.000 евра.

Технолошко-индустриските развојни зони се екстериторијални и во нив важат посебни царински, трговски и финансиски прописи. При влез и излез на стоките во ТИРЗ се скратува потребната документација и останатите царински формалности кои во спротивно би одземале пари и време.

Се надеваме дека нашата веб презентација ќе Ви помогне да се запознаете со основните факти за нашите Технолошко-индустриски развојни зони и ќе Ви ги објасни предностите за отпочнување на бизнис токму во Зоните на Република Македонија. Ви стоиме на располагање и се надеваме дека ќе ја донесете вистинската одлука и ќе станете Корисник на некоја од Технолошко-индустриските развојни зони на Република Македонија.

 

Со почит,

Александар Младеновски, Директор