Развиваме можности...за Вашите идеи

За нас

ТИРЗ на дланка

Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, во име на Владата на Република Македонија, управува со Технолошко-индустриските развојни зони во Република Македонија. Владата на Република Македонија има основано четиринаесет Технолошко-индустриски развојни зони кои се наоѓаат во различна фаза на изградба. Технолошко-индустриски развојни зони Скопје 1, Скопје 2 и Штип се целосно оперативни, додека за ТИРЗ Тетово е потпишан Договор за јавно-приватно партнерство со меѓународна компанија. Паралелно, Дирекцијата за ТИРЗ работи на развојот на единаесет Технолошко-индустриски развојни зони на територијата на Република Македонија, со цел да се постигне рамномерен економски развој во целиот регион.

Во согласност со својот концептот и мисијата, Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони се стреми Македонија да прерасне во меѓународен бизнис центар на Југоисточна Европа со понуда на инфраструктура од светска класа, поддржана со најквалитетни услуги и неспоредливи поволности во регионот и пошироко.

100% странска сопственост, 0% даноци и царина, ослободување од комунални такси, симболична цена за закуп на земјиште и директна државна помош во износ до 500.000 евра се само еден сегмент од понудениот пакет поволности со кој се истакнуваме како најконкурентна инвестициска дестинација во регионот и пошироко. Должност на Дирекцијата за ТИРЗ е да воспостави сервисен центар во секоја Технолошко-индустриска развојна зона, преку кој административните одделенија на Дирекцијата за ТИРЗ и испоставите на Царинската управа на Република Македонија пружаат административни консултации и услуги и ефикасно царинење за инвеститорите во Зоните. Дирекцијата за ТИРЗ го превзема развојот на Зоните како своја горда мисија при што се раководи според потребите на инвеститорот и во пракса се стреми кон подигнување на квалитетот на услугите на највисоко ниво, сè со цел да се осигура успехот на инвеститорот.



За подетални информации, Ве молиме да не контактирате.