Чекориме напред...во правецот на успехот

Започнување на бизнис

Меѓународни договори

ДОГОВОРИ ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА
Македонија е потписник на три мултилатерални договори за слободна трговија:
 - SAA (Договор за стабилизација и асоцијација) со земјите-членки на ЕУ
 - EFTA (Швајцарија, Норвешка, Исланд и Лихтенштајн)
 - CEFTA (Македонија, Албанија, Молдавија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово)
Билатерални договори за слободна трговија се потпишани со Турција и Украина.


ДОГОВОРИТЕ ЗА ЗАШТИТА НА ИНВЕСТИЦИИТЕ
Република Македонија има потпишано договори за заштита на инвестициите со следните земји: Албанија, Србија, Бугарија, Турција, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Романија, Австрија, Германија, Швајцарија, Холандија, Белгија, Франција, Италија, Шпанија, Унгарија, Чешка, Полска, Украина, Шведска, Финска, Русија, Народна Република Кина, Малезија, Република Кореја и Индија.
Во процесот на ратификација се договори со: Арапската Република Египет, Иран и Белорусија. Преговорите со следниве земји се завршeни и се очекува договорите да бидат потпишани во најкраток можен рок: Грција, Велика Британија, Узбекистан, Данска, Оман, Словачка и Кувајт.


ИЗБЕГНУВАЊЕ НА ДВОЈНОТО ОДАНОЧУВАЊЕ
Република Македонија има склучено договори за избегнување на двојното оданочување со следните земји: Албанија, Австрија, Белорусија, Белгија, Бугарија, Хрватска, Данска, Египет, Естонија, Велика Британија, Унгарија, Иран, Ирска, Италија, Латвија, Литванија, Германија, Финска, Франција, Унгарија, Мароко, Молдавија, Холандија, Народна Република Кина, Полска, Романија, Русија, Словачка, Словенија, Украина, Тајван, Република Кина, Турција и Катар.