Чекориме напред...во правецот на успехот

Започнување на бизнис

Пазар на Трудот

ОПШТ ПРЕГЛЕД

Македонија се гордее со своите образовни и високо-квалификувани кадри и етичка работна сила која е на располагање на странските инвеститори. Просечната бруто месечна плата на национално ниво во 2015 година изнесуваше €522. Образовните стандарди на техничките високообразовни институции во Македонија се на исто ниво со западните земји. Работниците се заинтересирани за континуирано дообразование и усовршување и успешно ги завршуваат програмите за стручна обука. Владата на Р.М. помага на инвеститорите во процесот на обука на работната сила со партиципација во такви програми.


ОБРАЗОВАНИЕ ОРИЕНТИРАНО КОН БИЗНИСОТ

Основното и средното образование, како и изучувањето на англискиот јазик, се задолжителни во македонскиот образовен систем и започнува во прво одделение од основното училиште. Покрај општите средни училишта, голем број на стручни средни училишта се отворени во секој град со цел да им овозможи на учениците да изучуваат различни струки. Постојат пет државни и бројни приватни меѓународно признати универзитети и колеџи. Средните стручни училишта и универзитети нудат наменски програми за обука, со цел да ги задоволат специфичните потреби на компаниите кои инвестираат во Македонија. Во изминатите неколку години, Македонија во просек издвојува 6% од својот бруто домашен приход за образованието, процент повисок во однос на најголемиот број земји на ОЕЦД.
Секоја година околу 80% од матурантите се запишуваат на факултет, а во последните неколку години има зголемување од 35% на вкупниот број на додипломски студии. Со 45% од населението на возраст под 30 години, Македонија нуди млада, образована и квалификувана работна сила на потенцијалните инвеститори.


ПРОСЕЧНИ ПЛАТИ

Просечната бруто месечна плата на национално ниво во 2015 година изнесуваше €522, додека просечната бруто месечна плата во производствениот сектор изнесуваше €393. Овие износи вклучуваат нето плата, персонален данок на доход и социјалните придонеси за пензиско и инвалидско осигурување, здравствено осигурување и осигурување за вработување. Минималната плата е дефинирана со колективни договори за секоја професионална гранка посебно.


СОЦИЈАЛНИ ПРИДОНЕСИ

Социјални придонеси200820092010-2016
Придонес за пензиско и инвалидско осигурување 21.2% 19.0% 18%
Придонес за здравствено осигурување 9.2% 7.5% 7.3%
Придонес за Фондот за вработување 1.6% 1.4% 1.2%
Дополнително здравствено осигурување 0.5% 0.5% 0.5%    
ВКУПНО       27.0%