Чекориме напред...во правецот на успехот

Започнување на бизнис

Започнување на бизнис

РЕГИСТРИРАЊЕ НА КОМПАНИЈА
Сегашниот Закон за трговски друштва е на сила од 2004 година. Дополнувањето на Законот за трговски друштва во 2005 година го означи почетокот на работата на Централниот регистар на почетокот на 2006 година, како орган надлежен за вршење на сите регистрации на компании и одржување на целокупниот трговскиот регистар. Ова е главниот закон за регулирање на деловна активност во Македонија кој ги дефинира видовите на компании, процедури и регулативи за нивното основање и работење. Бидејќи на странските инвеститори им се дадени истите права и привилегии како на македонските државјани, тие имаат право да основаат и да работат со сите видови на приватни компании или акционерски друштва. Странските инвеститори не се должни да бараат посебни дозволи од надлежните државни институции, освен она што вообичаено се бара со Законот.
Според Законот за трговските друштва, претпријатијата се формираат како посебни правни субјекти кои работат самостојно и се одвоени од нивните основачи, акционери и менаџери. Во зависност од видот, компаниите имаат свои права, обврски, имиња и регистрирани канцеларии.
Македонија воведе едношалтерски систем кој им овозможува на инвеститорите да го регистрираат својот бизнис по 2 часа од поднесувањето на барањето. Може да се регистрира фирма во Македонија со посета на една канцеларија и добивање на сите потребни информации на едно место од еден вработен. Ова значително ја намалува административната бариера и почетните трошоци.


РАБОТНИ ВИЗИ И ДОЗВОЛИ
Странските државјани лесно може да се вработат во Република Македонија, по добивање соодветна виза или дозвола од Министерството за надворешни работи, односно дипломатско-конзуларни претставништва во странство.
Државјаните на земјите-членки на ЕУ, како и државјани на земјите потписнички на Шенген договорот, можат да влегуваат во Република Македонија со валидна лична карта издадена од надлежните органи на земјите-членки на ЕУ и земјите потписнички на Шенген договорот.
Видови на визи:
Влезна виза
Деловна виза
Работна виза
Барања за Виза и постапка
Виза се издава само во амбасади или конзулати на Република Македонија во странство.
Рокот на важење на пасош или друга патна исправа на подносителот мора да биде најмалку 3 (три) месеци.
Подносителот на барањето може да се јави во амбасада или конзулат на Република Македонија за дополнителни информации за условите и постапката за издавање на виза.
Барањето може да се достави до амбасада / конзулат на Република Македонија по пошта или по факс, но во тој случај барателот мора лично да ја подигне визата.

Со помош на листата на дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство (кој може да се најде на веб-страницата на Министерството за надворешни работи) барателите на виза може да го изберат најпогодното место т.е. амбасада / конзулат за достава на барањето.
Видови на дозволи:
Работна дозвола
Дозвола за престој


ПОСЕБНИ ЛИЦЕНЦИ И ДОЗВОЛИ
Во прилог на регистрација на сите бизнис активности утврдени со Законот за трговските друштва, некои деловни активности мора да добијат дополнителни работни лиценци или дозволи пред започнување на нивните активности. За компаниите кои работат во овие специфични области, процесот на регистрација е проследен со процесот на лиценцирање со надлежните органи одговорни за издавање на лиценци и/или дозволи во нивните бизнис области.
Вработените во Централниот регистар се обучени да ги насочат новорегистрираните компании до соодветните органи за лиценцирање.