Чекориме напред...во правецот на успехот

Започнување на бизнис

Поволности

Даноци, царини и други стимулации

  • 10 ГОДИНИ ДАНОЧНИ ОСЛОБОДУВАЊА – Инвеститорите во ТИРЗ се ослободени од плаќање на данок на добивка и персонален данок на доход за период до 10 години. Инвеститорите се ослободени од плаќање на данок на додадена вредност за добра, суровини и опрема. Дополнително, инвеститорите се ослободени од плаќање на царински давачки за опрема, машини и резервни делови.
  • Земјиштето во ТИРЗ се дава под долгорочен закуп на период до 99 години.
  • Инвеститорите се ослободени од плаќање на надомест за уредување на градежното земјиште кон единиците на локалната самоуправа, како и од надоместоци за добивање на градежни дозволи.
  • Бесплатен приклучок на гасоводна, водоводна и канализациона мрежа.
  • Владата на Република Македонија учествува во трошоците за градба на корисниците во ТИРЗ  во висина до 500.000 евра, во зависност од бројот на нови вработувања и висината на инвестицијата на корисникот.

Компаративни Предности

ЦАРИНА
СТОКИСТАПКА ВО ТИРЗСТАПКА НАДВОР ОД ТИРЗ
Опрема, машини и резервни делови 0% 5% - 20%

 

ДАНОЦИ
СТОКИСТАПКА ВО ТИРЗСТАПКА НАДВОР ОД ТИРЗ
Данок на добивка 0% до 10 години 10%
Персонален данок на доход 0% до 10 години 10%
Данок на додадена вредност 0% 18%
Акциза 0% 5% - 62%