Зони

Преглед на Зони

Владата на Република Македонија ја основа Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони со цел да се постигне најповолна и најефикасна клима за водење бизнис во Југоисточна Европа и пошироко.

Како резултат на тоа, основањето на Технолошко-индустриските развојни зони низ целата земја ќе ги зголеми не само можностите за вработување во целост, туку и ќе помогне во регионите каде веќе егзистира специјализирана работна сила за специфични сектори.

Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони во моментов управува со три целосно функционални зони и тоа Скопје 1 и 2 во главниот град и ТИРЗ Штип во најголемиот град во Источна Македонија. За ТИРЗ Тетово е склучен договор за јавно приватно партнерство и во процес е имплентација на првите инвестициски проекти. Истовремено, единаесет други зони основани со цел да се постигне рамномерен економски напредок на сите региони во Македонија се во различни фази на развој.